мвр
Претрес во гостиварско, пронајдена дрога, приведено едно лице
09.09.2023 17:30
По целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од МВР...

На 08.09.2023 во 19.50 часот во с. Добридол, гостиварско, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.А.(18) од с. Добридол. При претрес во неговиот дом извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од МВР.
