одбојка
Македонската одбојкарска репрезентација го заврши настапот на Европското првенство
09.09.2023 20:56
Македонските одбојкари поразени од домаќинот Италија со 3-0...

Македонската одбојкарска репрезентација го заврши настапот на Европското првенство (ЕП), откако вечерва во Бари беше поразена во осминафиналето од домаќинот Италија со 3-0. За македонските одбојкари ова беше трето и најуспешно учество на европските првенства. Прв пат во историјата обезбедија осминафинале и пласман меѓу 16 најдобри европски селекции.
Покрај Италија во четвртфиналето пласман обезбедија и Романија, Франција и Словенија.
