Временска прогноза
Сончево со мала локална облачност
10.09.2023 08:58
Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 16, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени...

Сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од североисточен правец кој во североисточните делови повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 16, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени. УВ индексот ќе изнесува 7.
Во Скопје сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 32 степени.
