Струмица

Струмица преку Локалниот совет за превенција ќе работи против врсничко насилство во училиштата

10.09.2023 09:25

Поголем ангажман на педагошките служби, едукација на учениците и наставниот кадар присуство на полициски службеници во училишните дворови. Ова се препораките од Локалниот совет за превенција на Струмица кои ги донесе за да се спречи појавата на врсничко насилство во училиштата …

Постојат случаи на врсничко насилство и говор на омраза во училиштата во Струмица и затоа мора да се гради клима на доверба и поголем ангажман на педагошките служби какао и присуство на униформирани полициски службеници во училишните дворови. Ова се дел од заклучоците и препораките на Локалниот совет за превенција на Струмица за да се минимизираат овие девијантни појави.

Претставниците на училиштата соопштија дека работата на превентива, но со оглед на новата технологија потребна е и дополнителна едукација на наставниот кадар во поглед на осознавање на проблемите со кои се соочуваат младите

Локалниот совет за превенција на Струмица и понатаму ќе расправа на ова тема се со цел да се минимизира и поефикасно да се решава врсничкото насилство во училиштата.

 

Ване Трајков