Мароко

Над 2.000 загинати во разорниот земјотрес што го погоди Мароко

10.09.2023 09:51

Над 2.000 загинати,стотици луѓе сè уште се под урнатините по катастрофалниот земјотрес во Мароко. Илјадници сериозно повредени. Апел за хуманитарна помош. Во земјата тридневна жалост...

Повеќе од 2.000 луѓе загинаа во силниот земјотрес го погоди Мароко. Планинската провинција Хаузе претрпе значителна штета во земјотресот со јачина од 6,8 степени, најсилниот што ја погодил северноафриканската земја во последните 120 години. Областите се отсечени од светот, без електрична енергија и мобилни телефони.

„Зедов кофа со вода кога земјата почна да се тресе. Морав да трчам. Ѕидот пукна под столбот и сè падна на земја. Избегав заедно со моите деца. Кога слушнав дека мојата сосетка е заробена под урнатините на нејзината куќа, побрзавме да ја спасиме“, изјави жител.

„Ова е прв пат да доживеам земјотрес, а за секој кој не доживеал тоа е многу застрашувачко. Луѓето немаат вода. Ова е природна катастрофа, но мислам дека сите во европската заедница и ширум светот мора да помогнат“, вели друг жител.

Спасувачките напори продолжија. Силниот земјотрес предизвика катастрофални штети во планинските села и античките градови кои не се изградени да издржат таква сила. Оддалечените села како оние во долината Уаргане погодени од суша. Беа во голема мера отсечени од светот кога ја загубија електричната енергија и услугата на мобилните телефони.

Во знак на огромната катастрофа мароканскиот крал Мухамед Шести им нареди на вооружените сили да мобилизираат специјализирани тимови за пребарување, спасување и хирушка теренска болница, се вели во соопштението на војската.

 

Марина Ристова