Израел дел од новата железничка и бродска мрежа
Израелскиот премиер Нетанјаху го потврди учеството во новиот план предводен од САД за изградба на бродска и железничка мрежа која се протега од Индија, преку блискиот исток до Европа...

Израелскиот премиер Нетанјаху го потврди учеството во новиот план предводен од САД за изградба на бродска и железничка мрежа која се протега од Индија, преку блискиот исток до Европа. Целта на планот е поттикнување на економскиот раст и политичката соработка. Во него ќе бидат вклучени Индија, Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Јордан, Израел и Европската унија.
„Израел е во центарот на невиден меѓународен проект. Проект кој ќе ја поврзе инфраструктурата меѓу Азија и Европа. Оваа врска ќе ја исполни долгогодишната визија која ќе го промени лицето на блискиот исток, лицето на Израел, а исто така ќе влијае и на целиот свет. Оваа визија почнува во Индија, преку Обединетите Арапски Емирати, Саудиска Арабија, Јордан, Израел и стигнува до Европа“, изјави Бенјамин Нетанјаху, израелски премиер.
