Родното село на Конески со македонска судбина
Со седумдесетина жители, Небрегово, родното село на Блаже Конески ја дели судбината на македонските села. Ја има единствената тројка првачиња, надеж за иднината, а поради Конески го посетуваат селото и прашуваат како се живее …

Матеј, Матеја и Мелани се единствените првачиња во Небрегово и единствена тројка од памтивека. Заедно со четвртоодделенката Михаела се надежта на родното село на Конески. Во догледно време само уште едно дете ќе стигне во училишната клупа во училиштето кое е наспроти она во кое пред неполн век учел Конески. Учителката Јадранка го почнала и ќе го заврши работниот век со подмладокот на Небрегово. Почнала со 12 ученици.
Седумдесетината жители се, главно, тутунари. Животот е неизвесен со иселувањата и без водовод и канализација. Рудникот за мермер веќе не е решение.
Горди се на Конески. Поради него доаѓаат посетители. Небрегово ѝ припаѓа на општина Долнени.
Елизабета Митреска
