В понеделник најавен нов протест пред Владата за случувањата на Онкологија
За утре најавен нов протест пред Владата за случувањата на Клиниката за онкологија по скандалот со крадењето и препродажбата на терапијата за болните од рак...

Случајот ја шокираше јавноста, пациентите и нивните семејства ја бараат правдата и одговорност од сите инволвирани во случајот. За утре најавен нов протест пред Владата за случувањата на Клиниката за онкологија по скандалот со крадењето и препродажбата на терапијата за болните од рак. Бараат одговор дали била инволвирана и поранешна директорка на клиниката, која веќе има кривична пријава за „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Обвинителството работи на истрагата. Не се споделуваат конкретни детали, случајот е во предистражна постапка. Не се знае кој се е повикан на разговор, ниту што точно се истражува
Продолжуваат обвинувањата владејачката и опозициската партија се обвинуваат кој печалел од кражбата на цитостатици. Според СДСМ, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски се плаши од истрагата, а според ВМРО-ДПМНЕ, пак, премиерот Ковачевски е врвот на пирамидата – се вели во партиските соопштенија.
Јавноста чека исход од истражната постапка во Јавното обвинителство, низа сведоштва од пациенти и нивните семејства се слушаат деновиве.
