Лавров: Самитот Г20 „апсолутен успех“
На Самитот Г-20 тој истакна и дека Русија не гледа никаква можност за преговори со САД за новиот договор...

Рускиот министер за надворешни работи Лавров го нарече Самитот на Г-20 во Индија „апсолутен успех“. Во заедничката декларација беше спомената украинската „криза“, но „во контекст на потребата за решавање на сите конфликти што постојат во светот“, нагласи рускиот министер. Истакна и дека Русија не гледа никаква можност за преговори со САД за новиот договор.
„Самитот, се разбира, е апсолутен успех, пред сè за индиското претседателство, но и за сите нас. Г-20 минува низ криза, или би рекол, внатрешна реформа. Пред сè, тоа се манифестираше во значителното активирање на членките на групата дваесет од глобалниот југ, кои со водечката улога на Индија, многу јасно и упорно настојуваа да ги земат предвид нивните интереси во договорите што Г-20 разговараа и, како резултат на тоа, беа вклучени во декларацијата“, изјави Сергеј Лавров, министер за надворешни работи на Русија.
