АМСМ

Од утре времен режим на сообраќајот во тунелот кај Блаце

10.09.2023 15:49

Ќе има светлосна сигнализација со наизменично пропуштање на возилата, информира АМСМ......

Од утре ќе се воспостави времениот режим на сообраќајот во тунелот на стационажа км 6+326 до км 6+366, на десна страна од тунелот, правец Блаце – Скопје, поради изведување на градежни работи – санација на тунелот. Ќе има светлосна сигнализација со наизменично пропуштање на возилата, информираат од АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, стои во соопштението од АМСМ.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.