Отворен „Мал битолски Монмартр“
24.05.2014 10:48
„Мал битолски Монмартр“ претставува еден од најзначајните културни настани во Битола...

Осумгодишниот Лау Кинг Џи од Хонг Конг кој годинава четврт пат доаѓа во Македонија ја отвори меѓународната детска ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“ која синоќа почна во Битола.
Кинеската делегација годинава е најбројна со 30-на ученици, наставници и родители, а во Битола, Охрид и Крушево до 30 мај ќе творат и деца од Индија, Русија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Турција, Бугарија, Украина и од Македонија.
Го отворам овој прекрасен фестивал. Во Битола се чувствувам одлично и подготвен сум да цртам низ улиците во овој град. Секогаш имам инспирација на најдобар начин да го покажам тоа што сум го научил, истакна Кинг Џи, годинaшен добитник на златен медал на меѓународната ликовна колонија во овој град.
Според градоначалникот Владимир Талески манифестацијата „Мал битолски Монмартр“ претставува еден од најзначајните културни настани во Битола, кој ги собира младите ликовни амбасадори од целиот свет.
