Состанок на лидерите на земјите од процесот „Брдо-Бриони“
Македонскиот претседател Стево Пендаровски, домаќин на состанокот на лидерите на земјите-учеснички од Процесот Брдо-Бриони...

Македонскиот претседател Стево Пендаровски, домаќин на состанокот на лидерите на земјите-учеснички од Процесот Брдо-Бриони. На самитот ќе учествуваат претседателот на Хрватска, Милановиќ и словенечката претседателката Пирц Мусар, во улога на ко-домаќини, како и претседателите на Србија, Косово, Албанија и на Црна Гора и тројцата членови на претседателството на Босна и Херцеговина.
Во фокусот европските интеграции, климатските промени и иселувањето на младите. Процесот Брдо-Бриони прв пат се одржа во 2013-та, на заедничка иницијатива на претседателите на Словенија и Хрватска, во брдо кај Крањ.
Главната цел е целосна интеграција на земјите од регионот во Европската унија, стабилизирање на состојбите во западен Балкан преку јакнење на регионалната соработка и решавање на отворените прашања.
