Македонија

Денеска нов протест за случувањата на Клиниката за онкологија

11.09.2023 08:56

За денеска во 18 часот пред зградата на македонската Влада повторно е закажан протест против криминалот во Клиниката за онкологија...

За денеска во 18 часот пред зградата на македонската Влада повторно е закажан протест против криминалот во Клиниката за онкологија. Протестот од Влада ќе продолжи пред зградата на Основното јавно обвинителство од кое се бара судска разрешница за сите инволвирани во скандалот со Клиниката на онкологија.

Поранешни пациенти и роднини на пациенти од онкологија бараат ОЈО да излезе со детали за текот на истрагата во рок од една недела, да се истражи инволвираноста на поранешниот министер Венко Филипче и директорот Нино Васев, проширување на истрагата на работата на детска онкологија, целосна ревизија на работата на Клиниката за онкологија, правосилни судски пресуди за сите инволвирани во злосторството и криминалот на онкологија, пациентите да имаат увид во самата истрага.

На денешниот протест најавено е дека ќе се приклучат и членовите на Независниот синдикат на здравствените работници.