Трет ден по земјотресот во Марко, расте бројот на загинати
Според Обединетите нации околу 300.000 луѓе биле погодени од земјотресот со сила од 6,8 степени. Властите прифатија меѓународна помош од само четири земји: Шпанија, Катар, Велика Британија и Обединетите Арапски Емирати.

Трета ноќ по ред во Маракеш по земјотресот луѓето спијат надвор. Војниците и меѓународните хуманитарни тимови со камиони и хеликоптери влегуваат во оддалечените планински градови погодени од историскиот земјотрес. Постојано расте бројот на загинати.
Според Обединетите нации околу 300.000 луѓе биле погодени од земјотресот со сила од 6,8 степени. Властите прифатија меѓународна помош од само четири земји: Шпанија, Катар, Велика Британија и Обединетите Арапски Емирати.
„На секое семејство овде во еврејската област ни е потребна помош, бидејќи секое семејство овде нема куќа. Сите куќи се урнати“.
„Сите куќи се урнати, луѓето можат само да спијат овде. Ова е трети ден. Нема помош, а ноќите се студени“, велат локални жители.
Луѓето се гневни бидејќи помошта не стигнува до градовите и селата во руралните планински области.
