Македонија

Седница на Државната комисија за спречување на корупција

11.09.2023 09:05

Државната комисија за спречување на корупцијата денеска ќе ја одржи 92. седница...

Државната комисија за спречување на корупцијата денеска ќе ја одржи 92. седница.

На дневен ред е постапување по конкретни предмети и по предмети оформени по пријави од укажувачи, согласно со Законот за заштита на укажувачите.

На седницата ќе биде разгледан и Предлог-записникот од 90. седница на ДКСК.