Португалската министерка за одбрана во официјална посета на Северна Македонија
Министерката за одбрана на Португалија, Марија Хелена Кареирас и министерката Славјанка Петровска ќе го потпишат првиот Договор за билатерална одбранбена соработка и ќе одржат заедничка прес – конференција...

Министерката за одбрана на Португалија, Марија Хелена Кареирас и министерката Славјанка Петровска ќе го потпишат првиот Договор за билатерална одбранбена соработка и ќе одржат заедничка прес – конференција.
Министерката за одбрана на Португалија, Марија Хелена Кареирас ќе пристигне во прва официјална посета на Северна Македонија. За време на посетата, во Министерството министерката Кареирас ќе оствари тет-а-тет средба со министерката Славјанка Петровска, по што двете министерки ќе го потпишат и првиот Договор за билатерална соработка на полето на одбраната.
