Македонија
Од денеска до петок ќе се прска против комарци
11.09.2023 09:16
Прскањето ќе се врши во периодот од 22 до 03 часот наредниот ден...

Од денеска до 15 септември на подрачјето на град Скопје ќе се врши терестрична дезинсекција против комарци.
Прскањето ќе се врши во периодот од 22 до 03 часот наредниот ден.
Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истите термини.
