Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Во Онкологија функционирала организирана мафија

11.09.2023 09:45

Самиот факт што никој од Онкологија не е во притвор говори дека власта го заташкува случајот, велат од партијата.

Во Онкологија функционирала организирана мафија, директорот, министерот и Ковачевски се директно одговорни. Невозможно е да се случува кражба на цитостатици од масовни размери на Онкологија, а министерот и Ковачевски да не знаат. 20 милиони евра е акумулираниот долг на Клиниката, а никој не се запрашал зошто?- соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Самиот факт што никој од Онкологија не е во притвор говори дека власта го заташкува случајот, велат од партијата.

Со СДС и ДУИ нема правда ниту за Онкологија, ниту за десетиците други случаи, потребни се промени, за рестарт на системот, стои во соопштението.