ПОЦ

Санкционирани 172 непрописно паркирани возила на територија на Општина Центар

11.09.2023 10:24

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во текот на една недела санкционираа 172 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот...

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во текот на една недела санкционираа 172 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Во периодот од 04.09. до 10.09.2023 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 86 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 86 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани, информираат од ЈП Паркинзи на Општина Центар.