Фудбал – трансфери

Давид Луиз „светец“!

24.05.2014 11:55

Кога ќе се оствари трансферот, 27-годипниот Луиз ќе биде најскапиот дефанзивец...

И Челзи потврди, Давид Луиз може да замине во Пари Сен Жермен. „Сините“ го добиле бараното обештетување, но недостаток на официјални информации проценките седека се движи од 50 до 61,2 милиони евра. Останува уште Бразилецот да ги договори личните услови и да ги мине лекарските прегледи.

Кога ќе се оствари трансферот, 27-годипниот Луиз ќе биде најскапиот дефанзивец, а ПСЖ третпат ќе го надгради својот рекорд купувајќи одбранбен фудбалер. Претходно „светците“ тоа го направија со ангажирањето на Тијаго Силва од Милан и Маркињос од Рома.

Поради финансискиот фер - плеј на УЕФА, Челзи е принуден да продава, па покрај добро наплатеното заминувањето на Луиз кој на „Стемфорд Бриџ“ дојде за 25 милиони евра, на пет фудбалери нема да им биде продолжен договорот, меѓу нив и на Френк Лампард.

Во ремонтот на екипата, прв на листата на засилувања е Диего Коста од Атлетико Мадрид.