Македонија
МВР: 96 санкции за сообраќајни прекршоци на територија на СВР Битола
11.09.2023 11:09
На територија на СВР Битола санкционирани се 96 возачи, меѓу кои 51 мерки за возење повеќе од дозволената брзина, 19 мерки за возење без возачка дозвола, 15 возачи за управување под дејство на алкохол.

Секторот за внатрешни работи Битола во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на СВР Битола санкционирани се 96 возачи, меѓу кои 51 мерки за возење повеќе од дозволената брзина, 19 мерки за возење без возачка дозвола, 15 возачи за управување под дејство на алкохол.
Изречена е една санкција за користење на мобилен телефон при возење, четири санкции за непрописно престигнување.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, соопштуваат од МВР.
