Тенис
Ѓоковиќ се врати на врвот на АТП листата
11.09.2023 11:19
Медведев и Руне го задржаа третото, односно четвртото место, а останатите шест места од „првата десетка“ забележаа промени....

Српскиот тенисер Новакпо Ѓоковиќ по големата победа над Данил Медведев во финалето на УС Опен каде ја освои рекордната 24. грен-слем титула се врати на врвот на АТП листата и одново се најде пред шпанскиот тенисер Карлос Алкараз.
Медведев и Руне го задржаа третото, односно четвртото место, а останатите шест места од „првата десетка“ забележаа промени. Сега на петото место е Гркот Циципас, Русинот Рубљов е на шестото место, а зад него следат: Синер, Фриц, Руд и Зверев.
Српскиот тениски ас во својата кариера досега има освоено 10 титули на Австралија опен, седум на Вимблдон, четири на УС Опен и три на Ролан Гарос.