МВР
Приведен охриѓанец поради нудење поткуп
11.09.2023 12:17
Приведен охриѓанец поради нудење поткуп на магистралниот пат Кичево-Гостивар, во близина на кичевското село Зајас...

Приведен охриѓанец поради нудење поткуп на магистралниот пат Кичево-Гостивар, во близина на кичевското село Зајас, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода А.Ј.(59) од Охрид. Тој, по сторен сообраќаен прекршок, во личните исправи што им ги дал на полициските службеници, ставил пари како поткуп, а кои веднаш му биле вратени.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението од МВР.
