Земјотрес во Мароко

МНР: Двајцата македонски државјани кои се наоѓаа во камп во Маракеш наскоро доаѓаат дома

11.09.2023 12:19

Од Министерството додаваат дека во изминативе два дена нема нови пријавени наши државјани во Маракеш. Нашето дипломатско конзуларно претставништво во Каиро продолжува да биде во комуникација со надлежните институции во Мароко...

Во врска со катастрофалниот земјотрес што го зафати Мароко, согласно ангажманот и на амбасадата на Република Северна Македонија во Каиро, двајца наши државјани кои се наоѓаа во камп во Маракеш, пристигнати се во Мадрид и во добра здравствена состојба. Се очекува нивно упатување кон своите домови во многу скоро време, информираат од МНР.

Од Министерството додаваат дека во изминативе два дена нема нови пријавени наши државјани во Маракеш. Нашето дипломатско конзуларно претставништво во Каиро продолжува да биде во комуникација со надлежните институции во Мароко, за евентуални други наши државјани во погодените региони.

Министерството за надворешни работи ги повикува сите државјани на Северна Македонија кои во моментот се наоѓаат во Мароко и имаат потреба од конзуларна асистенција, да се јават на дежурниот телефон на Амбасадата во Каиро +20 103 361 5542 и СОС телефонот на Министерството за надворешни работи 075/ 273-732.