Муцунски, Ѓорѓиевски и Коњановски учествуваат во програмата за меѓународни лидери на Владата на САД
На покана на Амбасадата на САД во Македонија и Американскиот Стејт Департмент Муцунски, Ѓорѓиевски и Коњановски учествуваат во програмата за меѓународни лидери на Владата на САД, информираат од ВМРО-ДПМНЕ...

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалник на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски, претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски и градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски се во повеќедневна посета на САД.
На покана на Амбасадата на САД во Македонија и Американскиот Стејт Департмент Муцунски, Ѓорѓиевски и Коњановски учествуваат во програмата за меѓународни лидери на Владата на САД, информираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Во рамките на нивната посета тие остварија повеќе средби со високи претставници на Стејт Департмент, бизнис заедницата како и тинк-тенк организации во Вашингтон. Клучна тема во нивните разговори беше потребата од засилена борба против корупцијата во Македонија.
Во следните денови тие ќе ги посетат градовите Питсбург и Феникс каде со свои соговорници од локалната власт во овие градови ќе дискутираат за создавањето на добри практики во работата на локалната самоуправа, стои во соопштението од партијата.
