Почна состанокот на лидерите на земјите учеснички на Процесот Брдо-Бриони
Македонскиот претседател Стево Пендаровски во Скопје домаќин на лидерите на земјите учеснички од Процесот Брдо- Бриони...

Во Скопје претпладнево започна состанокот на лидерите на земјите учеснички во Процесот Брдо-Бриони. Во фокус на состанокот се европските интеграции, климатските промени и иселувањето на младите.
На состанокот, покрај домаќинот Стево Пендаровски, учествуваат и хрватскиот претседател Зоран Милановиќ и претседателката на Словенија, Наташа Пирц-Мусар во улога на ко-домаќини, како и српскиот претседател Александар Вучиќ, претседателката на Косово, Вјоса Османи, албанскиот претседател Бајрам Бегај, претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ и членовите на претседателството на БиХ, Жељко Комшиќ, Денис Беќировиќ и Жељка Цвијановиќ.
Пред официјалниот почеток на состанокот, Пендаровски оствари билатерални средби со косовската претседателка Османи и со претседателот на Албанија, Бегај.
Во тек е пленарен состанок на лидерите учеснички на процесот брдо Бриони, по што ќе следи заедничка прес-конференција на Пендаровски, Пирц- Мусар и Милановиќ.
