Македонија

Сарацин: Да не се потценува временскиот период за донесување на уставните измени

11.09.2023 13:30

Специјалниот германски пратеник истакнал дека Сојузна Република Германија посакува процесот на уставните измени да се заокружи што е можно побргу. Имајќи ја предвид можноста за отворање преговори со Украина во декември оваа година, ризикот од одвојување на нашата земја од другите, без исполнување на потребните европски барања, е неизбежен.

Да не се потценува временскиот период за донесување на уставните измени, порача денеска во Скопје специјалниот германски пратеник за Западен Балкан, Мануел Сарацин на средбата со претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Специјалниот германски пратеник истакнал дека Сојузна Република Германија посакува процесот на уставните измени да се заокружи што е можно побргу. Имајќи ја предвид можноста за отворање преговори со Украина во декември оваа година, ризикот од одвојување на нашата земја од другите, без исполнување на потребните европски барања, е неизбежен. Од тие причини важно е како ќе биде формулирано прашањето за донесување на уставните измени, но уште поважно е да не се потценува временскиот период за нивно донесување. Негово видување е дека многу време е изгубено во регионот, а тековната динамика во ЕУ за забрзување на процесот на проширување не смее да се пропушти.

Констатирана е одличната соработка со германскиот Бундестаг и особено размената на искуства за собраниското обезбедување. И Сарацин и Џафери на средбата ги поздравиле одличната соработка на економски план и дијаспората во Сојузна Република Германија, која претставува солидна основа за поголемо зближување и соработка меѓу двете држави.