ЦУК: Авиони на ДЗС вклучени во гаснење на пожарот кај Зрзе
Како што информираат од ЦУК, долната страна на пожарот кон селото и манастирот Зрзе е под контрола.
Два ер- трактори на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) полетаа кон пожарот во атарот на село Зрзе поради непристапниот терен на кој се рашири крак од пожарот.
Како што информираат од ЦУК, долната страна на пожарот кон селото и манастирот Зрзе е под контрола.
На територија на Општина Долнени вчера попладне избувнаа два пожара, над манастирот Зрзе, на висок и непристапен терен, со зафатена висока трева, нискостеблеста шума, како и дабова шума и шума од габер, како и над селото Кошино каде што, освен висока сува трева, гори и квалитетна дабова шума.
По интервенцијата на прилепските пожарникари и засилувањето од воздух, од ЦУК соопштија дека нема опасност по манастирот и селото Зрзе, ниту по селото Кошино.
