ФФМ: Благодарност за навивачката поддршка на македонските фудбалери

11.09.2023 13:59

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) изрази денеска голема благодарност за поддршката која репрезентативците ја добија од трибините...

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) изрази денеска голема благодарност за поддршката која репрезентативците ја добија од трибините на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје на дуелот против европскиот првак Италија во квалификациите за ЕУРО2024.

„Од срце упатуваме голема благодарност до сите вас кои дојдовте од сите краеви на Македонија да им дадете поддршка на македонските репрезентативци на Националната арена „Тодор Проески“ на натпреварот против Бугарија. Беше навистина импресивно да се види како и на дожд, повеќе од 20 илјади луѓе, безусловно ја сакаат и бодрат Македонија. Од првата до последната минута. На сите ни е жал што репрезентацијата и покрај големиот напор не успеа на крајот да оствари позитивен резултат, но длабоко сме убедени дека ќе бидеме на највисоко ниво на следните натпревари и одново ќе имаме причина за славје пред полни трибини на Националната арена. До следниот натпревар, напред Македонија“, велат од ФФМ.

  

Фото: ФФМ