Тешко болните пациенти на Клиниката за онкологија исцрпени во секоја смисла на зборот
Тешко болните пациенти се исцрпени во секоја смисла на зборот. Наместо да се подобрат условите, да се дисперзира лекувањето во земјава, да се следат светските протоколи, ние се враќаме назад...

Елизабета Ристовска полека пристигна на Клиниката за онкологија да ја прими потребната терапија. Четириесетгодишната скопјанка веќе две години е пациентка со првична дијагноза канцер на дојка, кој метастазирал на белодробието. Таа вели ќе се бори, но аферата што ја тресе Клиниката за онкологија дополнително и одзема енергија.
Вели, нечовечки е да се чека и до 5 часа пред Клиника и некој да ви каже дека лекот се потрошил. Тешко болните пациенти се исцрпени во секоја смисла на зборот. Наместо да се подобрат условите, да се дисперзира лекувањето во земјава, да се следат светските протоколи, ние се враќаме назад, разочарана е Елизабета.
Таа ги повикува сите кои имаат сознанија и сомнежи да ги споделат со обвинителите. Никој нема да им ја скрати терапијата поради тоа, ќе им помогнат на идните пациенти, но и на здравствените работници кои чесно ги лекуваат.
Наташа Јанчиќ Менковски
