Кремљ потврди Путин ќе се сретне со Ким Џонг-Ун
Кремљ потврди – севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун ќе ја посети Русија во наредните неколку дена...

Кремљ потврди – севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун ќе ја посети Русија во наредните неколку дена.
Во соопштението не е прецизиран датумот. Јужнокорејските медиуми претходно објавија дека воз веќе тргнал кон Русија. Како една од локациите за состанокот е наведен Владивосток каде што пристигна шефот на Кремљ Владимир Путин за да учествува на меѓународен форум кој трае до среда.
Во овој град, двајцата лидери се сретнаа прв пат во 2019 година. Во меѓувреме, Русија распореди 46 ракетни системи „Искандер“ низ украинската граница.
Москва објави победа на партијата на Путин на изборите организирани на окупираните територии во Украина, наведувајќи дека партијата освоила повеќе од 70 отсто од гласовите.
