СП: Русија - Шведска, Чешка – Финска
Првиот фаворит Русија, предводена од Овечкин и од Малкин, ќе игра со актуелниот бранител на тронот, селекцијата на Шведска...

На Светското првенство во хокеј на мраз, во битка за медали денеска ќе влезат најдобрите четири репрезентации. Полуфиналната фаза е европска, по елиминацијата на Канада и на Соединетите Американски Држав во претходната рунда.
Првиот фаворит Русија, предводена од Овечкин и од Малкин, ќе игра со актуелниот бранител на тронот, селекцијата на Шведска. Русите немаа проблем со Франција во четвртфинелто, а Швеѓаните го елиминираа домаќинот Белорусија.
Чешка славеше над Американците, па за противник ќе ја има Финска, која во првиот нокаут сегмент ја совлада Канада со пресрврт во последната третина.
Завршницата на шампионтатот е викендов, за утре се закажани финалето и мечот за третото место.
