МААЕ

Гроси изрази загриженост за постојаните артилериски напади во близина на нуклеарната централа во Запорожје

11.09.2023 17:41

Покрај безбедноста на електраната, првиот човек на Агенцијата побара редовно да се подмируваат финансиските обврски од земјите-членки...

Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија Рафаел Гроси изрази загриженост за постојаните артилериски напади во близина на нуклеарната централа во Запорожје. Покрај безбедноста на електраната, првиот човек на Агенцијата побара редовно да се подмируваат финансиските обврски од земјите-членки. Од Иран, Гроси побара образложение за отворените прашања во однос на нуклеарната програма.

„Не ги обвинуваме за ништо, само поставуваме прашања. Постојат траги од нуклеарен материјал, па каде е тој? Ден по ден се надеваме дека нема да ја погодат нуклеарната централа и дека нема да падне електричната мрежа“, изјави Рафаел Гроси директор на МААЕ.