Скопје

Густ чад поради пожар во Арачиново

11.09.2023 20:07

Чадот е предизвикан од запалени трски во каналот во населбата...

Скопските општини Аеродром, Илинден и Гази Баба беа зафатени од густ чад што попладнево се појави во делот на општина Арачиново.

Чадот е предизвикан од запалени трски во каналот во населбата и како што велат во Центарот за управување со кризи, на пожарот претходело палење на стари гуми по што се проширил.