Македонска државна и црковна делегација се поклони на гробот на Свети Кирил
Поклонението на гробот на Свети Кирил во Рим првпат е организирано во 1969 година за 1100 години од смртта на Свети Кирил и оттогаш секоја година на 24-ти мај се одбележува со највисоки почести од црковно-државна делегација...

Во рамките на манифестацијата „Македонија во чест на Свети Кирил“ што се одржува по 46 пат во базиликата „Свети Климент“ во Рим се одржа молебен.
На гробот на Свети Кирил се поклони државна и црковна делегација, а со службата чиноначалствуваше митрополитот Европски господин Пимен.
На чествувањето покрај македонската делегација присуствуваа и бугарските амбасадори во Ватикан и во Италија.
Попладне, пак, македонските амбасадори во Италија и во Светата Столица ќе присуствуваат на Бугарското одбележување во Рим.
Поклонението на гробот на Свети Кирил во Рим првпат е организирано во 1969 година за 1100 години од смртта на Свети Кирил и оттогаш секоја година на 24-ти мај се одбележува со највисоки почести од црковно-државна делегација.
24-ти мај беше ден само на образовните институции и просветните работници, а од 2007-ма година тој е и државен празник на Република Македонија.
