Русија

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун пристигна во Русија

12.09.2023 08:53

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-Ун, допатува во Русија на средба со претседателот Путин...

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун пристигна во Русија. Предвидена е средба со претседателот Владимир Путин во Владивосток, бидејќи шефот на Кремљ е веќе таму на меѓународниот форум кој трае до среда. Тој претходно се сретна со заменик-премиерот на државниот совет на Кин Жанг Гуокинг.

Ги пофали пријателските односи во бизнис сферата со оваа земја. Осмиот Источен економски форум годинава се одржува под слоганот „На пат кон партнерство, мир и просперитет“.

„Се очекува разговорите за оружје меѓу Русија и Северна Кореја да продолжат за време на посетата на Ким Џонг Ун на Русија, ја повикуваме Северна Кореја да се придржува до обврските што ги презеде Пјонгјанг дека нема да испорачува или продава оружје на Русија“ – предупредија од Белата куќа.