Либија
Над 2.000 луѓе загинаа во невремето во Либија
12.09.2023 09:04
Над 2.000 луѓе загинаа во медитеранското невреме „Даниел“. Поплавени се цели населби и области во северноафриканската држава...

Над 2.000 луѓе загинаа во медитеранското невреме „Даниел“. Поплавени се цели населби и области во северноафриканската држава.
Урнати се мостови и брани. Многумина се водат како исчезнати. Неколку земји понудија помош за Либија додека спасувачките тимови се обидуваат да најдат преживеани под урнатините.
