ЦУК
Активни пет пожари на територија на државата
12.09.2023 09:07
Во Општина Долнени има три пожари, кај село Зрзе со еден крак во село Рилево и еден крак во село Сливје, и кај селата Кошино и Костинци. Пожар има и во село Бељаковце во Општина Куманово и во село Долна Ѓоновица во Општина Гостивар.

Пет пожари се активни на територија на државава, соопштуваат од Центарот за управување со кризи.
Во Општина Долнени има три пожари, кај село Зрзе со еден крак во село Рилево и еден крак во село Сливје, и кај селата Кошино и Костинци. Пожар има и во село Бељаковце во Општина Куманово и во село Долна Ѓоновица во Општина Гостивар.
ЦУК соопшти дека вчера биле регистрирани вкупно 49 пожари и се изгаснати 44.
