Чиле

Земјотрес со јачина од 5,5 степени го погоди пограничниот регион на Чиле и Боливија

12.09.2023 09:13

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 104 километри, соопшти ГФЗ...

Земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди пограничниот регион на Чиле и Боливија, соопшти германскиот Центар за геонауки (ГФЗ).

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 104 километри, соопшти ГФЗ. Засега нема извештаи за евентуални повредени или материјална штета.