Посебен режим на сообраќај во Скопје поради протест пред Влада
Од Министерството за внатрешни работи појаснуваат дека Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје...

Денес во периодот од 10 до 12 часот, ќе има посебен сообраќаен режим по улиците околу зградата на Владата. Причина за воведување посебен режим на сообраќај е одржување на протест, информираат од МВР.
Од Министерството за внатрешни работи појаснуваат дека Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје.
Од тие причини, МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат униформираните полициски службеници по сообраќајницата каде што ќе се одвива протестот со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
