МВР
117 санкции за сообраќајни прекршоци на територија на СВР Битола
12.09.2023 10:22
Секторот за внатрешни работи Битола во текот на вчерашниот ден (11.09.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот...

Секторот за внатрешни работи Битола во текот на вчерашниот ден (11.09.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на СВР Битола санкционирани се 117 возачи, меѓу кои 71 мерки за возење повеќе од дозволената брзина, 11 мерки за возење без возачка дозвола, 6 возачи за управување возило под дејство на алкохол, 14 санкции за погрешно паркирање, 6 санкции за непрописно престигнување. Изречени се две санкции за користење на мобилен телефон при возење, информираат од МВР.
