Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ со низа активноста го одбележува патронатот
24.05.2014 13:54
Се одржа молебен за светите браќа просветители и беа положени цвеќиња пред нивниот споменик во универзитетскиот кампус...

И Скопскиот универзитет „Свети Кирил и Методиј“ со низа активности го одбележува патронатот и 65 годишнината од своето постоење.
Се одржа молебен за светите браќа просветители и беа положени цвеќиња пред нивниот споменик во универзитетскиот кампус.
Одбележувањето на патрониот празник ќе биде заокружено вечер со свечена академија во Македонски Народен Театар на која реч ќе одржи ректорот на универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, Велимир Стојковски.
Настанот ќе биде збогатен со музичка програма со настап на хорот „Драги Шуплевски“ при Факултетот за музички уметности.
