Македонија

Владимир Јанковски на саем на книгата „Врисак“ во Риека

12.09.2023 10:32

Повод за гостувањето на Јанковски е хрватскиот превод на неговиот роман „Скриени желби, немирни патувања“. Книгата ја преведе Ивица Баковиќ, а издавач е издавачката куќа „ВБЗ“, соопштија денеска од издавачката куќа „Антолог“...

Писателот Владимир Јанковски од вчера до четврток е гостин на „Врисак“, саем на книга и фестивал на автори што од 10 до 17 септември се одржува во Риека. Повод за гостувањето на Јанковски е хрватскиот превод на неговиот роман „Скриени желби, немирни патувања“. Книгата ја преведе Ивица Баковиќ, а издавач е издавачката куќа „ВБЗ“, соопштија денеска од издавачката куќа „Антолог“.

– Ова е 16. издание на фестивалот. Организатор на фестивалот е издавачката куќа „ВБЗ“ од Загреб, во соработка со Музејот на современа уметност од Риека, Детската куќа ГКР и Арт-киното од Риека. Фестивалот оваа години донесува повеќе од 50 настани – промоции на книги, претставувања, разговори и трибини, заедно со придружна ликовна, музичка и филмска програма, во кои ќе учествуваат околу стотина уметници, се наведува во соопштението.

Јанковски ќе настапи утре во 21 часот, заедно со писателката Весна Мариќ. Модератори на вечерта ќе бидат хрватските писатели Иван Сршен и Марко Погачар.