Македонија

Три ЕР трактори на ДЗС ќе го гаснат пожарот во кумановско Бељаковце

12.09.2023 11:46

Пожарникарите на ТППЕ Куманово беа фокусирани на заштита на куќите на ова село од разбиен тип, кои се расфрлани на неколку ридови...

Три ЕР трактори на Дирекцијата за заштита и спасување се вклучуваат во гаснењето на пожарот во кумановско Бељаковце. Пожарникарите на ТППЕ Куманово беа фокусирани на заштита на куќите на ова село од разбиен тип, кои се расфрлани на неколку ридови. Во пожарот кој избувна вчера по 16 часот целосно изгоре куќа. 

„Пожарот кој вчера започна во атарот на село Бељаковце, Општина Куманово, беше активен во текот на целата ноќ. Пожарникарите на ТППЕ Куманово беа фокусирани на заштита на куќите на ова село од разбиен тип, кои се расфрлани на неколку ридови. За жал, една стара куќа чиј сопственик не живее во неа, туку ја користи повремено, беше зафатена од пожарот и целосно изгоре. Поради заканата по други куќи, како и опасноста огнот да влезе во блиската борова шума, кон село Бељаковце полетаа трите Ер трактори на ДЗС“, изјави, директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.