Расте бројот на загинати во катастрофалниот земјотрес во Мароко

12.09.2023 12:16

Спасувачки тимови од Шпанија, Велика Британија и Катар се приклучија на мароканските напори за пронаоѓање на преживеани од земјотресот со јачина од 6,8 по Рихтер...

Расте бројот на загинати во катастрофалниот земјотрес во Мароко. Црниот биланс се искачи на над 2.800 настрадани.

Спасувачки тимови од Шпанија, Велика Британија и Катар се приклучија на мароканските напори за пронаоѓање на преживеани од земјотресот со јачина од 6,8 по Рихтер, што ги погоди планинските делови на земјата. Околу три илјади лица се повредени, а бројот на исчезнати сè уште не е познат.