Русија

Путин: Русија развива ново оружје

12.09.2023 12:17

Лидерот на северна Кореја, Ким Џонг-Ун допатува во Русија на средба со претседателот Путин. Темите во тајност. Белата куќа тврди-ќе има договор за испорака на оружје за Москва, Кремљ остро демантираше. Путин најави ново модерно оружје...

По повеќедневни шпекулации, Кремљ потврди – севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун пристигна во Русија. Во фокусот на средбата со претседателот Владимир Путин во Владивосток опфатени повеќе теми. Вашингтон се сомнева дека ќе се потпишуваат договори за оружје, па од Пјонгјанг побара да се придржува до обврските со кои се забранува испорака или продажба на оружје на Русија.

Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, возврати дека Русија не ја интересираат предупредувања од Вашингтон. Рускиот претседател Путин од форумот во Владивосток повторно го обвини западот за уништувањето на светската економија и најави дека Русија развива ново оружје.

Русија развива оружје со ласерски, ултразвучни и радиофреквертни способности“, изјави Владимир Путин.

Јужна Кореја и Јапонија со реакција за посетата на Ким на Русија.

„Јужнокорејската влада внимателно ги следи движењата во северна Кореја во соработка со земји, како САД. Русија и северна Кореја треба да се потсетат себеси на забраните за трговија со оружје и воена соработка воведени со резолуциите на Советот за безбедност на ОН и други меѓународни санкции“, изјави Лимј су-Сук - портпарол на јужнокорејското МНР.

„Владата ќе продолжи да собира и анализира податоци поврзани со разузнавањето и координацијата со САД, јужна Кореја и другите членки на меѓународната заедница. Јапонија ќе бара и целосно спроведување на релевантните резолуции на советот за безбедност на ОН“, изјави Мацуно Хироказу - шеф на претседателскиот кабинет на Јапонија.

Русија и северна Кореја ја подобрија соработката по стартот на руската инвазија на Украина.