Верниците се поклонија пред моштите на Свети Кирил во Богданци

24.05.2014 14:00

Свети Кирил почива во базиликата „Свети Климент“ во Рим, а ова е еден од ретките сертифицирани примероци од неговите мошти...

На празникот на Сесловенските апостоли и просветители Светите Кирил и Методиј, првпат во Македонија во Католичкиот храм во Богданци изложени моштите на Свети Кирил.

Во храмот што го носи името на солунските браќа се одржа литургија која ја предводеше Киро Стојанов, Бискупот скопски и Апостолски егзарх.

По неа се одржи и молебен во чест на Светите Кирил и Методиј.

Верниците имаа несекојдневна  можност да се поклонат пред моштите на Свети Кирил.

Свети Кирил почива во базиликата „Свети Климент“ во Рим, а ова е еден од ретките сертифицирани примероци од неговите мошти.