Владо Јаневски со проектот „Златни години“ во Македонска филхармонија

12.09.2023 12:40

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба во среда, 13-ти септември...

Авалон продукција го најави првиот проект за сезоната есен – зима. Македонската музичка легенда Владо Јаневски ќе одржи концерт во Македонската филхармонија на 16-ти ноември.

„Богатиот музички каталог на Владо Јаневски никогаш не бил отсвирен во полн состав на бенд во интимно издание, па така, на наше задоволство, го убедивме дека е време за интимна средба со неговата публика оваа есен, на многу соодветен простор кога е во прашање неговата музика – Македонска Филхармонија“, соопштуваат од Авалон продукција.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба во среда, 13-ти септември, во 9 часот наутро по цена од 1.500 денари онлајн на ticketx.mk и ширум продажната мрежа на Авалон низ Македонија.