Македонија

Штрајк на вработените во судската администрација, бараат повисоки плати

12.09.2023 12:51

Ќе сопрат ли судењата и издавањето уверенија за неосудуваност. Вработените во судската администрација стапија во штрајк. Бараат зголемување на минималната плата за 78 насто и исплата на додатокот на плата за 35 проценти. Во буџетот и по пренамената на средствата, нема пари за нив…

Ќе запрат судењата, пресудите, уверенијата за неосудуваност, за трето дете. Вработените во судската администрација стапија во штрајк.

Во буџетот и по пренамената на средствата нема пари за судската администрација. Револтирани по неколкумесечните барања и протести, од денес стапија во штрајк.

Бараат зголемување на минималната плата за 78 насто и исплата на додатокот на плата за 35 проценти.

За барањата седнаа на маса со претставник од Министерството за финансии. Биле известени дека за нив не е предвидено зголемување ниту на платата, ниту ќе има додатоци.

Независниот синдикат на судската администрација заедно со Синдикатот на затворската полиција и синдикалната организација при скопскиот кривичен суд заедно го организираа протестот со кој го искажаа своето незадоволство. Велат дека ќе продолжат и во наредните денови.

Ана Јосифоска-Тодоровска