Кремљ: Не нè интересираат американските предупредувања
По повеќедневни шпекулации, Кремљ потврди – севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун пристигна во Русија...

По повеќедневни шпекулации, Кремљ потврди – севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун пристигна во Русија. Во фокусот на средбата со претседателот Владимир Путин во Владивосток опфатени повеќе теми. Вашингтон се сомнева дека ќе се потпишуваат договори за оружје, па од Пјонгјанг побара да се придржува до обврските со кои се забранува испорака или продажба на оружје на Русија.
Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, возврати дека Русија не ја интересираат предупредувања од Вашингтон. Рускиот претседател Путин од форумот во Владивосток повторно го обвини западот за уништувањето на светската економија и најави дека Русија развива ново оружје.
„Факт е дека нашите златни и девизни резерви беа замрзнати – но ние веќе заработивме двојно повеќе. Не се работи за овие 300 милијарди, туку за поткопување на довербата во оние што го прават ова, уништување на довербата во нив. Истото се случува и во трговијата, во ограничувањата поврзани со трговијата. Но, тие самите се виновни што таквите негативни последици неизбежно ќе им се случат“, изјави Владимир Путин, претседател на Русија.
